Онлајн закажување за бербернициЗаборави на„Имаш ли слободно утре?“

Твоја веб-страна каде клиентите сами избираат бербер, услуга и време — 24/7. Ти шишаш, телефонот молчи.

Без картичка · Без договор · Откажи кога сакаш

Познато?

Сè за берберницата

Направено за начинот на кој работи една берберница.

Како почнуваш

Од регистрација до прв онлајн термин за десет минути.

  1. Внеси услуги и работно време

    Шишање, брада, детско шишање — со времетраење и цена. Работно време за берберницата и паузи за секој бербер.

  2. Додај ги берберите

    Секој добива свој календар и го гледа распоредот на телефон. Ти гледаш сè.

  3. Сподели го линкот

    Instagram био, Google Maps, Viber. Клиентите веднаш почнуваат да закажуваат сами.

Цени

Едноставна цена.
Без изненадувања.

Првите 7 дена се бесплатни, без картичка. Потоа месечно, без договор — откажи кога сакаш.

Прашања

Дали клиентите треба да симнат апликација?

Не. Закажуваат преку веб-страната на берберницата, од било кој телефон или компјутер. Нема апликација, нема регистрација за клиентот.

Може ли секој бербер да има свој распоред?

Да. Секој бербер има свое работно време, паузи, слободни денови и услуги што ги работи. Клиентот гледа само слободни термини кај избраниот бербер.

Што со клиентите што секогаш доаѓаат во исто време?

Ги внесуваш како фиксни клиенти — на пример секоја сабота во 10:00 — и терминот се закажува сам секоја недела. Ако некоја недела не може, го откажуваш само тој термин.

Како да го ставам линкот на Instagram и Google Maps?

Во панелот имаш копче „Сподели“ со твојот линк. Го ставаш во Instagram био и во Google Business профилот на берберницата како веб-страна и линк за закажување.

Што ако клиентот не дојде или сака да откаже?

Секој клиент добива потсетник пред терминот. Ако не може, откажува со еден клик од пораката и времето автоматски станува слободно за друг клиент.

Колку чини?

Basic е €99 месечно за еден бербер, +€20 за секој следен. Pro (€149) има и SMS потсетници и веб-страна по твоја желба. Нема договор — откажуваш кога сакаш.

Има ли бесплатен период?

Да. Првите 7 дена се бесплатни, без картичка — клиентите можат да закажуваат веднаш. Пред крајот добиваш е-пошта; ако избереш план, првото плаќање е дури по бесплатните 7 дена. Ако не избереш, страницата само се паузира, без никакви трошоци.

Берберницата закажува сама.
Ти само шишаш.

Подготвено за неколку минути. Без картичка, без договор.

Пробај 7 дена бесплатно